речник контакт

Со автомобил удрил во бетонски скали на ул. Сараевска и завршил на Клинички во Скопје

Ќе се истражуваат причините за инцидентот

Петар Печков

Возач со автомобил удрил во скали во куќа ан ул. Сараевска, се здобил со тешка повреда, поради која е префрлен на Клинички во Скопје. Деталите од информацијата на велешката полиција и болница.

„Вторникот на  03 февруари  во 09:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Сараевска“ во Велес, патничко возило „форд ескорт“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(77 год) од Велес, удрило во бетонски скали од куќа“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Н. , констатирани во Општа болница. 

„Вчера претпладне примен е пациент од сообраќаен инцидент. Извршени се снимања, констатирана скршеница на колк и поради специфичноста на повредата е пренесен на Клинички во Скопје “ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »