речник контакт

Со апсење на едно лице, престанаа кражбите на паричниците во Велес

Се бележи намалување и на тешките кражби во велешко

Петар Печков

Полицијата успеала со апсење на само едно лице, да го сопре крадењето паричници од граѓаните во Велес. Ова  беше објавено на последната седница на Советот, кога одговарајќи на прашањето од советничката Весна Атанасовска, што презема полицијата за да ги сопре т.н. „џепчии“ кои, ги одземаат паричниците пред се од повозрасната категорија граѓани. 

„Во 2025 усепавме  да се спречат кражбите  на градски пазар и пазарче.  До мај 2025 пријавени се  украдени 300 новчаници најчесто до повозрасни сограѓани.  Сторителот е фатен на 1 мај на дело,  оттотгаш нема пријава за одземен новчаник, дрска кражба. Кај  него во моментот на апсењето беа пронајдени 25 илјади денари“ – кажа Ненад Дејановски, командир на ПС Велес. 

Во однос на тешките кражби се бележи од година во година опаѓање. Во  2023 година имало  240 тешки кражби, во 2024  бројката била 137, лани до август  биле регистрирани 76 случаи.

Појаснување тешки кражба е кога се врши со насилно отворање на домот, објектот, се врши со оружје или во група,  без оглед колкава е материјалната штета.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »