речник контакт

Со илјада кг подмладок порибени се лани Вардар и езеро

Порибувањето од ЗСР ,,Бабуна,, е со крап ама е извршено скришно, превентивно од рибокрадците

Петар Печков

Минатата година  Здружението на Спротски риболовци ,,Бабуна,,  од Велес, водите каде тие се концесионери ги порибија со без малку еден тон риба.

И тоа единствено крап, која според стручните лица најдобро се снаоѓала во овие водни живеалишта.  Реката Вардар била порибена за организиран спортски риболов  со 450  кг. додека езерото Младост со 500 кг.

Вкупно за оваа намена од ЗСР ,,Бабуна,, биле издвоени 340 илјади денари.  За разлика од претходните години, порибувањето повеќе не се покрива медиумски, поради несовесните риболовци, кои веднаш по објавувањето на настанот доаѓале на местото и ловеле од рибата, па така поголемиот дел од неа  завршувал  како улов за продажба и на трпеза. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »