речник контакт

Со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји

Со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40. место во светот на годишната листа на „Паспорт индекс“

Петар Печков

Најценети патни исправи имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив се Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се: Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се: Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на деветто место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а десетторангиран е пасошот на Естонија (149).

Од земјите во регионот, по Словенија, најдобро позиционирани се Бугарија и Хрватска на 14. место со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37. е Србија (112 земји), 43. е Црна Гора (105), 47. е Босна и Херцеговина (101) и 48. Албанија (96).

На дното на листата на „Паспорт индекс“, на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак со чии патни исправи може да се патува без виза во само дваесетина држави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »