речник контакт

Со мерцедес влетал во триаголникот кај Пошта

По Увид извршила увидна екипа од СВР Велес која треба да ги утврди причините за инцидентот

Петар Печков

Сериозно оштетениот триаголник пред Пошта, за кого утрово сведоци беа бројни велешани кои беа во дилема кој и како толку го оштети, беа повод ТрМр да праша во СВР Велес, што се случило ноќеска околу 1,30ч. според соседите кога се  слушнал силен тресок. 

„Ве информираме дека на 15.03.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 01:30 часот, на улица „8 Септември“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Н.(23 год) од Велес, удрило во бетонски остров-триаголник“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес која треба да ги утврди причините за инцидентот. Ваквите претходни инциденти а беа бројни, уништување на триаголникот  локалната власт направената штета ја испорачувала на предизвикувачот, кој истата имал обврска и ја плаќал во предвидениот рок.  Подоцна утрово вработените од ЈКП Дервен го исчистија просторот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »