Петар Печков
Објавено: четврток, 12 март 2015
Со мнозинство од присутните советници, 13:9, членовите на Советот го усвоија ланскиот извештај за работата на Општина Велес. Лани во општинскиот Буџет влегле 646 милиони денари а се потрошени 641 милион денари или таа е во позитива од 4,5 милиони денари. Општинскиот сметка најмногу се полни од блок дотации, повеќе од половина, наменети за плати на вработени во образованието.
Потоа следат средства добиени од граѓаните и фирмите за општински даноци. Најголема ставка во расходите со повеќе од половина се платите за администрацијата во локаната власт и образованието, а потоа следат исплатите за набавка на стоки и користење на услуги.
Во однос на планираните средства минатата година 738 милиони и реализираните 646, тоа е на ниво од 81 отсто. Осетно потфрлање има кај даночните приходи со 73 отсто остварување и кај капиталните приходи 45 отсто реализација. Најголеми должници кон локалната власт се на име фирмарина или побарувања од фирми за регистрирана фирма од скоро 50 милиони денари и данок на имот од граѓани од 25,5 милиони денари.
Лани по различни основи градоначалникот за смрт на член на потесно семејств исплатил средства во износ од 210.000 денари и за смрт на вработени во буџетските установи 90.000 денари или вкупно 300.000 денари. Додека пак 394.000 денари се за други поводи пожар, поплава, учество на велешки спортисти на светски и европски првенства, ученичка олимпијада, за родена тројка, за спасување на давеник, освојување на планински врв.
Од локалната валст велат дека од годишниот извештај и од завршната сметка на Општина Велес за 2014 година, може да се заклучи дека тие ,,безрезервно опстојуваат на својата зацртана визија и мисија за развој и искорисување на сите ресурси и капацитети на општината, со што би се овозможило поквалитетен живот на сите нејзини граѓани,,.
Овој извештај го поддржаа советниците од владејачкото мнозинство со 13 гласа за. Опозицијата гласаше со 9 гласа против, поради нискиот прилив на средства по основ на даноци и капитални приходи, како и реализацијата на сите приходи која била на 80 отсто од планираното на почетокот од годината.
Tweet |