Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јули 2024
Со завршувањето на Фолклорниот фестивал „Велес 2024' не завршува и понудата за забава во текот на летните денови. Од вечерва, понеделник, започнува „Велешко лето 2024“, кое го организира Општина Велес.
Почетокот е со стенд ап настапот на Бојан Велевски а веднаш по него е музички сет со ДЏ Попај. Ќе се следи и полуфиналето на Европското прветство во фудбал, кое се одржува во Германија, преку преноси на видео бим. И тоа вторник и среда и финалето недела вечер од 21ч. Петок вечер од 20ч. е изведбата на детската претстава „Здраво детство“ на патувачката група Патувалка. Сите настани оваа седмица ќе се одржат на сцената на Амфитеаторот од Младински парк.
„Почнуваме вечерва во 20 часот во Амфитеатар - Младински парк и ви најавуваме два месеци исполнети со музика, спорт, уметност, литература - јули и август со многу забава и дружење“ - соопштија од Општина Велес.
Програмата ќе се објавува секој понеделник на официјалните профили на Општина Велес.
Tweet |