Петар Печков
Објавено: четврток, 29 октомври 2026
Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ е меѓу учесниците на петтото издание на Балканскиот театарски фестивал кој од 1 до 7 ноември ќе се одржи во Благоевград Бугарија.
Велешани пред тамошната публика ќе ја изведат претсавата „Ние двајцата и Алојз“ работена по текст на младиот романски автор и актер Космин Стенила.
Режијата е на Дејан Дамјановски а драматург Сашо Димоски. Во претставата играат Слободанка Чичевска, Васил Зафичев и Филип Христовски. Во претставата се споделува искуството на актеркака со Алцхајмерова болест, нејзиниот син и докторот Алојз кој и ги краде сеќавањата.
„Текстот е многу интригантен, возрасна жена актерка, која почнува полека да ги губи помнењето, станува дементна. Во претставата е и докторот Алојз, Алцхајмер по кој е именувана болеста. Синот кој е отуѓен од мајката решава да остане со неа и ги олесни деновите. Претставата ги следи нивите животни трансформации“ – изјави режисерот Дамјановски. Претставата својата премиера ја имаше на 9-ти октомври.
На фестивалот ќе учествуваат седум претстави од театрите од Галац – Романија, Птуј – Словенија, Пирот Србија и театри од Бугарија. Тој има ревијален карактер, нема награди. Ппретсавата „Ние двајцата и Алојз“ ќе се одигра на 2 ноември, вторник.
| Tweet |





