Петар Печков
Објавено: среда, 25 ноември 2015
Граѓани и активисти од Велес спроведоа улична акција против, како што тие сметаат непотребните трошења и порачаа: “Наши пари за наши потреби!”.
Палмите кои се посадија се уште еден симбол за трошењето на чоколада кога немаме ни за леб. Палмите се скапи да се набават, скапи за одржување, бараат посебна заштита и може да влијаат врз нарушување на природната рамнотежа во областите каде што се насадени. Во време кога граѓаните страдаат, купувањето палми е луксуз и глупост - пишува во реакцијата на граѓанската акција ,,Заслужуваме подобро,, откако 47-те палми во Велес беа покриени со јутени вреќи за заштита од зимата. .
Активистите посочија што според нив можело да се направи со парите кои биле потрошени на палмит ,,Со парите потрошени на палмите можеше да се исчисти троската од велешката Топилница!
Tweet |