речник контакт

Со победа ветераните на ОК Борец заверија полуфинале, за одбрана на титулата од лани

Започна првенството на Втората женска одбојкарска лига, стартуваа и пингпонгарите во Прва лига со победа

Петар Печков

Со очекувана победа ветераните на ОК Борец го завршија првиот, лигашниот дел од првенството. Во Прилеп славеа над ОК Шкендија со 2:0. Овој период велешани се осетно засилени со настапот на некоганиот репрезентативец Благој Гинов, кој живее во Германија.  По одигрувањето на последното седмо коло познат е пласманот и двојките од полуфиналето. Велешани како второпласирани играат со ветераните на ОК Скопје, кои се трети. Во второто полуфинале тетовска двојка, ОК Тетово –ОК Шкендија. Полуфиналето се игра в сабота во Велес, во салата на ОУ Блаже Конески.  За потсетување велешани се лански, први победници во оваа лига. 

Стартуваше првенсвото во Првата пингпонгарска лига, каде настапува и велешки ППК Борец ТИМ. Во првото коло победа за велешани, кои славеа над ППК Студент со 4:1. Следните две кола ППК Борец ТИМ играат со ППК Младост и со ППК Куманово. 

Започна првенството на Втората од одбојкарска лига, каде за прв пат настапуваат две екипи од Велес. Новакот ОК Виола Волеј загуби со 0:3 (12;23;23) од составот на ОК Виктори волеј од Струмица. Екпата по 15 години постоење за прв пат игра во натреварувачка лига. Постариот велешки клуб ОК Борец жени требаше да игра со ОК Македонија макс од Струмца, но гостинките се откажаа од натпреварување. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »