речник контакт

Со повеќе од 100 км. на час возел на патот кај Шорка

Полицијата го уапсила возачот, нема детали каква пријава ќе поднесе

Петар Печков

Вчера утро, петок, млад велешанец возел со повеќе од 100 км/ч на регионалниот пат кон Башино село, познат како кај Ветекс. Полицијата го уапсила возачот, нема детали каква пријава ќе поднесе.

„На 14.11.2025 во 08:12 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ј.(24 год ) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »