речник контакт

Со показни вежби велешките пожарникари го одбележаа нивниот меѓународен ден (фото и видео)

Пожарникарите во најтешките моменти се најхрабри, при интервенција или при секаков вид на елементарна непогода- пожарите, поплавите или земјотресите. Тие ги ризикуваат сопствените животи за да спасат животи на граѓаните и спасат материјални добра - кажа командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски

Петар Печков

Одбележан беше 20-ти мај, Меѓународниот ден на пожарникарите. Пред присутни гости, велешките пожарникари со две показни вежби ја покажаа нивната умешност и знаење, во справувањето со огнот или проблеми настанати при негово локализирање.

„Пожарникарите во најтешките моменти се најхрабри, при интервенција  или при секаков вид на елементарна непогода- пожарите, поплавите или земјотресите.  Тие ги ризикуваат сопствените животи за да спасат  животи на граѓаните и спасат материјални добра. Нашето мото е „Безбеден град,  сигурни граѓани, успешна  општина“- рече Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес. Посака повеќе опрема, помлади пожарникари , повеќе обуки и помалку интервенции.  

Градоначалникот на Велес, Марко Колев на велешките пожарникари им врачи благодарница, за нивниот ангажман при локализирањето на пожарите.    

„Испратив неколку пораки до пожарникарите. Изминатите 6 месеци се зближи соработката на ТППЕ и Општина Велес, се подобрија условите за работа, зголемени се надоместоците за работа, за да бидат спокојни при извршувањето на работата. Мојата порака е да имаат помалку интервенции, да нема штета кај граѓаните и природата“- рече Колев.  

На одбележувањето на овој ден присуствуваа и дел од децата од велешките градинки. ТППЕ Велес покрива територија на три општини, освен Велес и Градско и Чашка.  Таа има 32 вработени а потребни биле според систематизација и бројот на жители во општината, 43 пожарникари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »