речник контакт

Со присуство на одбележувањето на годишнините од значајните историски личности, советниците да оддадат почит кон нив

Потребно е вклучување на учениците, од рани години да присуствуваат. Така да учат да ја почитуваат сопствената историја, не да се случи да ги оставиме на ФБ други да ги учат што е вредно -побара Ников

Петар Печков

Почитта кон значајните личности од историјата на Велес да биде целосна а не само декларативна, побара членот на Советот на Општина Велeс Слободан Ников.

Зборувајќи на точката за листата на одбележување на значајни личности, тој побара од колегите активно да бидат пристуни на овие настани. 

„Како советници треба да бидеме присутни на одбележувањета, не сите 23 советника туку од секоја советничка група по еден барем, да не биде администрацијата сама на настанот. Беше годишнина од смртта на народниот херој Благој Страчков нас не немаше, администрацијата сама беше, така беше и за годишнината од смртта на  Нонча Камишнова, Киро Ќучук, срамота е да не отидеме да положиме цвеќе. Можеме да одвоиме половина час да оддадеме почит. Потоа потребно е вклучување на учениците,  од рани години да присуствуваат. Така да учат да  ја почитуваат сопствената историја,  не да се случи да ги оставиме на ФБ други да  ги  учат што е вредно“ – кажа Ников, кој четири децении беше секратар во Сојузот на борците од НОБ.  

Тој побара да за следната година да се вклучат на листата велешани кои дејствувале помеѓу двете светски војни Ризо Ризов, Александар Мартулков, кои се значајни и за Македонија. Советничката Мирјана Петрушевска Савова побара на листата да се стави Маца Овчарова, која од страна на бугарските окупатори во НОБ била жива закопана на 22 годишна возраст. 
Се побара спомениците да се одржуваат, спомен плочите се избледени текстот нечитлив,и не е познато каква порака испраќаат.   

„Раштански колиби каде се загинати 17 партизани, Пуста кула кај базата на Македонија пат, на неколку метри од автопат, каде има седуммина партизани убиено. Овие споменици се заборавени и запоcaтевени. Зар овие луѓе кои загинале, заслужуваат на ваков начин да не се грижиме за нивното дело и спомен“ – рече Ников. 

Некои од бистите како на Нонча Камишова, Димко Митрев, Благој Ѓорев, Браќа Кошулчеви, Нада Бутникошарова, се во кругот на фабриките и тие се згрижени и сочувани. За жал  таа на Киро Ќучук од дворот на некогашната циглана и се губи трага. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »