речник контакт

Со сведочење на вешто лице за ДНК анализа, продолжи судењето за разбојништвото во дом на велешанец

На ѕвончето од домот на оштетениот била пронајдена ДНК на првообвинетиот Шерифов,доказ кој според обвинителството го поврзува со извршувањето на делото.

Петар Печков


Во Основен суд Велес продолжи судењето на обвинетите за разбојништво Серџук Шерифов од Струмица и Димче Цветков од Велес. Беше сослушан сведокот Јасмина Трајковска,  вешто лице од МВР за ДНК анализа. Прашањата на одбраната беа повеќе теоретски, за тоа колку време можат да се задржи ДНК материјалот зачуван на површината каде се анализираат, што може да влијае на нивното отстранување, изчезнување.

„Одреден број инхибитори -  супстанции кои забавуваат, спречуваат или целосно запираат одреден хемиски, биолошки или физиолошки процес, можат да влијат на квалитетот на трагите, температура, влага, УХ светлина, одредени хемиски средства. Но не можат да бидат целосно уништени“ -кажа Трајковска.  На ѕвончето од домот на оштетениот била пронајдена ДНК на првообвинетиот Шерифов, доказ кој според обвинителството го поврзува со извршувањето на делото.  

Судењето продолжува со гледање на видео снимки од денот кгоа е случено разбојништвото, на делот од зградата  каде живеел тогаш нападнатиот и ограбен Панче Илиев. 

Според обвинението Шерифов и  Цветков од Велес  во група на 16 октомври 2024 година го нападнале оштетениот, сега починат. Заѕвониле на ѕвончето во зграда на центарот на градот, откако тој излегол да отвори, бил нападнат со електрошок, онеспособен и откако паднал на подот одвлечкан во соседен стан, каде го заклучиле. Двајцата обвинети влегле во неговиот дом и одзеле пари и накит.  Тие се гонат за разбојништво член 237 став 4, каде пропишаната минимална казна затвор е 10 години. Шерифов и Цветков не го признваат обвинието. 

Во објавата на Апелација Скопје, по жалбата на Шерифов за притворот која е отфрлена, меѓу другото оти    „обвинетиот досега повеќе пати е осудуван за кривични дела тешка кражба и е специјален повратник, како и за кривични дела Разбојништво“. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »