Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2020
Жителите на Горно Оризари со сопствени средства извршија асфалтирање на четири улици во населбата во вкупна должина од еден километар. За ова нивна активност тие испратија писмена информација.
Градежната активност се изврши во овој период од дваесетина дена на месец ноември. Од Месната заедница информираа дека на ова се решиле откако локалната власт ја одбила понудата, со пола -пола финансирање да се изврши асфалтирањето.
Поднесена е иницијатива уште во текот на минатата година до Општина Велес, за асфалтирање на улиците, со 50 отсто учество. После година дена договарање, локалната власт откажа. Затоа одлучивме самостојно со сопствени средства да се изврши асфалтирањето со вкупна површина од 4,5 илјади м2 - пишува во соопштението на МЗ Горно Оризари.
Tweet |