речник контакт

Со театарска претстава одбележана 84 годишнината од штрајкот на велeшките Гимназијалци (фото видео)

Тогашните ученици протестирале против употребата на бугарскиот јазик, како официјален во наставата, воведен од тогашната бугарска фашистичка власт

Петар Печков

Велешките гимназијалци и вработените од „Кочо Рацин“  ја одбележаа 84 годишнина од штрајкот, кој се случи на 14 март 1942 година. Тогашните ученици протестирале против употребата на бугарскиот јазик, како официјален во наставата, воведен од тогашната бугарска фашистичка власт. 

„Овој ден не потсетува на настан кој оставил длабока трага во историјата на училиштето и Велес. Тогаш група ученици покажале храборст, достоинство, силна верба во вредностите кои ги носи образованието.  Тие луѓе оставиле порака дека младоста има сила да се спротивстави на неправдата, да ја брани слободата. Историјата не учи кога младите имаат знаење, храборст и идеали, тие можат да оставата трага што трае со децении. Нашата Гимназија со историја подолга од век и пол, е место каде се создава знаење, се градат карактери и се се раѓаат идеи. Денешните ученици се љубопитни, креативни, амбициозни кои  со својата работа и успеси покажуваат дека тука   е место каде се гради иднината“ – порача дирекотот Илија Попов.  

Учениците ги оживеаја настаните од 14 март 1942  со изведба на театарската претстава насловена „Штрајкот на велешките Гимназијалци“ подготвена од професорките по македонски јазик и литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова, во соработка со професорите по музичка и ликовна уметност, Атанас Зафиров и Јулијана Михова. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »