речник контакт

Со турбо кружен тек ќе се решаваат гужвите на крстосницата кај Панини

До крајот на годината ќе се работи кружен тек и кај семафорите

Петар Печков

ЗУМ проект од Скопје изработи   сообраќајна студија за решавање на проблемот со сообраќајните гужви на релацијата од улица Наум Наумовски Борче од семафорите до Панини. Предвидени се  турбо кружен тек кај Панини, мини кружен тек кај сендвичара ,,Круг,, и кружен тек кај семафорите.  

 Добивме  идеен проект  за   две крстосници во градот, кај семафорите и пред  Панини.   Тука е предвиден турбо кружен тек, кој  треба максимално да го растовари движењето, поточно да го отстрани застојот кој го имаме на оваа крстосница.  Каде што сега се семафорите ќе има кружен тек,  во неправилна форма.  Пред сендвичара ,,Круг,, е предвиден мал кружен тек. Така гужвата која ја имаме  сега во 7 до 8 и од  16 до 17ч. ќе нема таква ситуација – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

Тој најави дека овие два кружни тека ќе бидат  изведени оваа година, прво тој кај ,,Панини,,  а потоа вториот кај семафорите. Сега биле во фаза на идеен проект, по што ќе следел основен проект, по што ќе се бара  изведувач на работите преку тендер. Чадиев најави дека првите работи би можеле да започнат во мај  месец.

Колку ова ќе биде  остварливо е отворено, оти напролет се локалните  избори,  кога  има термини кога не ќе може да се распишуваат тендери и да се  изведуваат работи во изборна кампања.   

Со студијата која беше презентирана од страна на тогашниот градоначалник Петров, на 16-ти септември 2012-та беа најавени овие промени.   Тогаш  беше предвидено во една варијанта  со турбо кружен тек а со втората со семафор да се решава крстосницата кај Панини.

И во двете варијанти се отвора премин од лево кон улица Прва комуна за сите возила да одат директно кон неа. За реализација на двете варијанти беше предвидено да се одземе  простор од дворот на Гимназијата. На крстосницата пред сендвичара Круг кај ЕВН се предвиде поставување на островче. На семафорите  кај бензинската на Макпетрол се предвидуваше наместо семафори да се  изгради турбо кружна крстосница.

За  негова реализација тогаш беше потребно да се добие простор од дворот на ЕВН и од дворот на Макпетрол.  Со новата сообраќајна студија, тоа не е предвидено. Само ќе се одземе  од дворот на Гимназијата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »