речник контакт

Со убедлива победа во баражот ГОК Борец се пласираше во Прватa А лига

Прва победа за пингпонгарите на ППК Борец ТИМ во Супер лигата, две победи во Втората лига за ППК Патриот 1 и една за ППК Патриот 2

Петар Печков


Одбојкарите на ГОК Борец со уверлива победа од 3:0 (10; 10; 4) над младата елкипа на ОК Весна од Пробиштип, го добија баражот и се пласираа во Првата А лига. Таму се шестe победници кои од наредната недела ќе играат четворокружен бод систем. По завршувањето напролет според пласмaнот ќе разигруваат  меѓусебно плус  првите две од Б конкуренцијата за првак на Македонија. Велешани беа победници и на првата срeдба во Пробиштип со идентичен резултат 0:3. Вечерашната средба траеше помалку од еден час  и тренерот Жабев им даде шанса и на младите одбојкари, некои и со 15 години да одиграат во финишот од сетовите. 

Bo Првата А лига освен ОК Борец ќе играат и ОК УГД Штип, ОК Струмица, ОК Работнички, ОК Сушево. Последниот учесник ќе биде познат по натпреварот помеѓу двете тетовски екипи ОК Универзитет и ОК Шкендија. 

Се одиграа две коло  од Супер лигата во пингпонг. Велешкиот состав ППК Борец забележа понуда и тоа од 4:2 над составот на ППК Шампион ФА, а поразени се од составот на ППК Младост со 1:4. Така по 3 кола ППК Борец е 8-ми од 10  екипи со три бода.  Следните две кола се играат викендов, кога ППК Борец игра со ППК Младост кој како и велешани има една победа и со ППК Студент кој е последен без победа.

Се одиграа и две кола од Втората пингпонг лига. ППК Патриот 1 забележа две победи, над ППК Мара Лопка од Кратово со 4:0 и над ППК Саса од Македонска Каменица со 4:1.  За велешкиот состав играат млади деца од 13 до 15 години и се први со три победи и еден загубен меч, се натпреваруваат шест екипи.  Во втората група од Втората лига, ППК Патриот 2 загуби од ППК Гевидон Гевгелија  со 1:4. Тие од три кола имаат две победи и се 3-ти од 6 екипи.  

Следниот турнус се игра на 14 ноември, кога ППК Патриот 1 игра со ППК Хепи и со ППК Кочани. Во втората група ППК Патриот 2 игра со ППК Телеком 1 и со ППК Телеком 3. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »