Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јуни 2020
Општина Велес со европски пари сака да гради кеј на реката Вардар и да ја осветли Спомен Костурницата. Минатата недела завршил процесот на апликација и локалната власт конкурира со проекти преку Грција, за средства од Европската програма ИПА ИНТЕРРЕГ за преку гранична соработка. Проектите се реализираат со соработка со градот Лерин, збратимениот град Термаикос и институции од Солун.
Конкуруравме со проект за изградба на кејот на река Вардар на потегот од мостот Гемиџии до Мало Мовче од десната страна, уредување на пешачка и велосипедска зона на кејот и поставување на седум киоск продавници за традиционални производи и сувенири во висина од 490.000 евра. Потоа со проект за уредување на простор од над 700 м2 во објектот „Вила Зора“ за креирање на регионален гурмански центар во висина од 250.000 евра. Проект за партерно, хортикултурно уредување и осветлување на Спомен Костурницата во Велес, апликант на проектот во висина 178.776 евра е Народниот музеј- Велес - изјави градоначалникот Аце Коцевски.
За овие три проекти Општина Велес од Буџетот обезбедува 15% од вкупната вредност на проектите како сопствено учество, кои по евентуалното одобрување во буџетот на општината треба да ги врати Министерството за локална самоуправа.
Tweet |