Петар Печков
Објавено: петок, 15 јули 2022
Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Велес заедно со субјектите од Системот за управување со кризи, имаа успешната акција за пронаоѓање изгубен човек (67 години), кој што отишол да бере чај, при што се загубил во Велешкиот ридест регион
Информацијата за покренување спасувачка акција, била добиена вчера, четврток во 23:19 часот, преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112. А. Н. известил дека неговиот татко Д. Н. (67год), во текот на денот отишол да бере чај при што се загубил и се уште се немал вратено, а се стемнило. Лицето отишло да бере чај во реонот на село Ореше, место викано Орешка Чука. Од Регионалниот центар за управување со кризи известени ce СВР Велес и колегите од ЦУК од Секторот 112 за да го лоцираат.
„ Добиено е известување дека неможат да го лоцираат лицето, бидејќи се работи за возрасен човек којшто незнае да следи и прати локација од телефонот, па СВР Велес стапиле директно во контакт co него и добиле општи описни информации за можната локација. Потоа од страна на СВР Велес е побарано од РЦУК Велес теренско возило за да можат да испратат екипа на терен“ информираа од ЦУК.
Обезбедено било теренско возило Лада Нива, со кое се вршела претрагата на теренот во ноќните и раните утрински часови.
„Спасувачката екипа излега на терен, во потрага по изгубениот, со теренското возило околу 01:15 часот. Загубениот Д.Н. е пронајден во раните утрински часови, според службената информацијата од СВР Велес, во 6:40 часот. Истиот е во добра здравствена состојба без повреди,“ се вели во информацијата од ЦУК.
Tweet |