речник контакт

Специјална награда за актерот Мефаиловски на Фестивалот на камерен театар во Струмица (фото)

Главната награда „Ристо Шишков“ на фестивалот ја доби актерката Дарија Ризова за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“

Петар Печков

Фаик Мефаилоски, актер на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинто“ е добитник на специјална награда на  30-тиот Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ кој се одржа во Струмица. Тој ова награда ја подели со актерите  Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен театар од Враца, Бугарија.

Главната награда н фестивалот ја доби актерката Дарија Ризова за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција- Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Жирито  на Фестивалот „Ристо Шишков“ беше во состав  ланската добичника на наградата актерката Ѕвездана Ангеловска, која досега два пати ја има добиено и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Претставата „Синиот портокал“ на велешки театар  е   работена по текст на  Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски. Добитникот на специјалната награда Фаик Мефаилоски го толкува ликот на Ерџан - Фаик Мефаилоски а во претставата настапуваат Самоил Стојановски,и Жарко Спасовски.

„Синиот протокал“ е одлично примена од велешката публика и пет години по премиерата уште е гледана и барана од гледачите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »