Петар Печков
Објавено: недела, 13 октомври 2024
Во клисурата на Вардар, кај Демир Капија се спасуваа повредени лица. Акцијата ја реализираа специјалните единици и на АРМ и на МВР. Во неа учествуваа единицата за брзо распоредување (ЕБРД) на МВР и баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата.
Ова беше методско огледна алпинистичка вежба, пребарување, спасување и евакуација на повредени, во тешко пристапниот дел на клисурата Демир Капија. На стрмните и скоро верикални карпи, надвиснати над реката Вардар, учесниците ја покажаа нивната подготвеност.
„Овие специјални единици треба секој еден во државата да ги почитува, бидејќи секогаш каде и да се случи несреќа или што и да се случува во рамки на безбедноста на државата, секогаш се први дејствуваат. Нивната работа е навистина тешка. Ќе вложуваме максимално колку што може во нашите буџети, бидејќи никогаш не треба да се штеди за овие вежби за овие специјални единици, бидејќи се навистина гордост на Македонија“ рече Владо Мисајловски министер за одбрана.
Во вежбата беше вклучен и хеликпотерот на МВР, кој и покрај силниот ветер во клусирата, успеа да ги донесе спасителите а потоа и да го однесе повредениот за да му се пружи здравствена заштита. Алпинистичатка вежба траеше 40 минути и на моменти го одземаше здивот од храброста и смелоста на учесниците.
„Овие луѓе што денеска ги видовте се душата на Македонија. Ваквата заедничка вежба е редовна практика, ќе ги има и во иднина. Ги зајакнуваме сите капацитети кои се потребни од аспект на физичка спремност и тактичка подготвеност и тоа е специјално делување на нашите најелитни единици и во иднина ќе продолжиме со зголемен број на такви активности“, кажа Панче Тошковски, министер на МВР.
Tweet |