речник контакт

Спомен куќите на Рацин, Главинов, Џинот и Касапови (фото)

Кога последен пат сте ги посетиле овие спомен куќи? Еве мала прошетка низ нив и нивната историја

Петар Печков

Во старото градско јадро, во месноста Долни дуќани се наоѓаат спомен куќите на Касапови, Џинот и Главинов  а неколку минути пешачење од нив е и куќата на Рацин. Тие се ретка можност за кратко посетителот да се врати на почетокот од минатиот век, кога Велес бил трговски центар.

Сите тие освен што се куќи каде живееле познати дејци, имаат и своја друга историја, во нив твореле семејствата на Рацин,  Главинов, Касапови  и од која работа ваделе парче леб. За нив и за нивните деца, кои потоа станале  дел од македонската национална историја, зборуваат овие спомен куќи, со кој располага народниот музеј од Велес. 

Така куќата на Рацин се` уште можат да се најдат  грнчарските производи, по кои се познати семејството Солеви. Во куќата на Главинови ги има предметите кои Васил  ги изработувал од дрво, тој бил столар. Дел од куќата на семејството Касапови, кои се бавеле со  месо праработувачка  е изградена со 500 оки вино.

Бидејќи е во дел кој бил тешко пристапен, а да не се мачат мајсторите, наместо вода домаќините дале дозвола да се употреби целото вино, оти годината била родна па ќе имало вино од новата берба. Џинот  неговата куќа пак ја користел само за престој,  таму  живеел со сестра му.  

Од сите четири куќи се пружа единствен поглед кон левата  страна на градот. Адата, Јаниташ, црквата Св. Богородица и Св. Спас, Црна Џамија...Внатре во нив посетителот може да го почувствува и по половина и повеќе век, животот на овие семејства. Миндери, софи, лакањ, долапи,  семејни фотографии. Се е исто како некогаш.  

Близу до овие спомен куќи, за само пет минути пешачење е велелепната црква Св. Пантелејмон. И кога веќе посетителот е така блиску, штета би било да не ја посети. Тоа е ремек делото на Андреја Дамјанов, со врвна акустика, архитектура.  Стара без малку два века таа и сега ги предизвикува неимарите со својата градба.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »