речник контакт

Србин од Нови Пазар доби 3,5 години затвор за 7 кг хероин

Диаките (47 год) го набавил хероинот во Истанбул - Турција со намера да го пренесе во Нови Пазар – Република Србија

Петар Печков

Српскиот државјанин Сахмир Диаките (47 год)   од Нови Пазар доби три години  и пет месеци затвор за пренос  на 6,9 кг хероин. 

Тој се  спогоди  со обвинителството, по што  судија во Основен суд Велес ја потврди  казната за  кривичното дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори,,. 

Диаките беше фатен на  15 април годинава,  околу 20,15ч. на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија од Грција. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола истиот одговорил дека нема, но при контрола на возилото во два акумулатори, од кои едниот бил сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор, царинските службеници пронашле вкупно 14 пакувања хероин со вкупна тежина од 6,9 килограми.

По извршениот детален преглед на возилото во двата акумулатори од возилото -едниот во пределот на моторот, а другиот во багажниот простор од десната страна, биле пронајдени вкупно 14 пакетчиња - 6 пакетчиња во едниот и 8 пакетчиња во другиот акумулатор.

Диаките го набавил хероинот во Истанбул - Турција со намера да го пренесе во Нови Пазар – Република Србија.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »