речник контакт

Среда вечер во Велес караванот „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ 35 години независна Македонија (видео)

Почеток 20,30ч. парк пред зградата на Општина. Кој се ќе настапи во Велес?

Петар Печков

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, на 12 август пристигнува во Велес, во паркот пред Општина Велес, со почеток во 20:30 часот. 

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Од продукцијата најавуваат дека во Велес настапуваат: Фолтин, Вера Љубојна, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Адријана Јаневска, Елена Ристевска, Ана и Игор Дурловски, Дарко Гроздановски, Димитар Атанасовски, Тони Зен, Бојана Скендеровски... 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »