Петар Печков
Објавено: четврток, 29 јули 2021
Вчера, среда попладне пошироката околина на Велес ја зафати не3време , проследено со силен дожд и снажен ветер. според реакциите на жителите тоа е евидентирано во селото Подлес и Сливник.
Во Подлес ветерот искорнал повеќе дрва и го сопрел сообраќајот на патот до селото. Со интервенција на екипи на ЈКП Клепа од Градско патот е расчистен а стеблата се отстранети.
Во Сливник силниот ветер носел керамиди кои го оштетиле имотот на жителите. Од Центарот за управување со кризи додаваа дека околу 19,30 од силниот ветер е падната бандера во населба Речани.
Tweet |