Петар Печков
Објавено: сабота, 13 август 2016
Општина Велес ги повикува граѓанските здруженија, невалидниот сектор да аплицираат со проекти, кои таа ќе ги финансира. Основно е организацијата, здружението да имаат идеја, како и кому да помогнат во општината.
Граѓанската организација што ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Општина Велес за реализирање на проект/активност – самостојно или во партнерство со други субјекти (граѓански организации, установи, институци, бизнис сектор и сл.) мора да ги исполнува следните критериуми:
Активностите/проектите што ќе го реализира да се од интерес на граѓаните на Велес.
ГО да е со седиште во Општина Велес,
Да има сопствена жиро сметка
Да делува најмалку 2 години
Да има реализирано проекти/активности од кои може да се види потенцијалот со кој располага (референтна листа)
Да има доставено финансиски извештај за реализирани проекти/активности финансирани од Општина Велес во претходната година
Tweet |