речник контакт

Ставено во мирување реставрирањето на живописот од црквата Св. Димитрија

Причина е поради немање на доволен број конзерватори во земјава

Петар Печков

Недостигот на доволен број стручен кадар, конзерватори, влијае што е ставена во мирување работата на реставрирање на пред неколку години откриениот живопис, на сводот од манастирската црква Св. Димитрија крај Велес.

Тој беше откриени есента 2017, на сводот под камбанаријата. Тоа даде нов момент, дека црквата е градена со камбанарија, некаде околу 13 век, далеку порано отколку што дотогаш се мислеше.

„Има еден сериозен проблем, што Македонија има мал број конзерватори.  Тоа се провлекува со децении. И затоа е физички невозможно една мала екипа да интервенира на територијата на државата. Се прави  листа каде ќе се работи, каде се излегува на терен“ - кажа Владо Мукоски конзерватор од  Националниот конзерваториски центар.

При досегашните  работи, кои започнаа 2017 година, беше откриена фреска на ктиторот на манастирот, кој во рака ја држи нејзината макета. Тој е раскошна одежда, каде има двоглав орел, симбол користен во Византија а подоцна прифатен од други народи и држави.

На сводот од нартексот беа откриени слики од Страшниот суд. Иако се работеше пет години, остана уште доста за работа во манастирската црква, чистење на сводот, работа на живописот од 19 век. Но досега ништо не е сторено за негова популаризација, да доаѓаат посетители и ја видат неговата убавина.  

Со реставрацијата на храмот и конзервирањето на фреските, Велес треба да добие нова туристичка понуда, од верскиот туризам, после црквата Св. Пантелејмон.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »