Петар Печков
Објавено: вторник, 15 септември 2026
Велешани кои живеат во близина на подземната катна гаража во изградба, реагираат што секојдневно, ввќе еден месец тие доживуваат најмалку по десетина земјотреси дневно. Тоа го чувствуваат жителите од зградите на ул. 8 Септември и ул. Гоце Делчев. Но и вработените во велешкиот суд, обвинителството, правобранителството.
„Живееме под стрес, не е нималку пријатно еден месец да живееме со земјотреси, кои станаа наше секојдневие. Знаеме дека е од изградбата на подемната гаража, но има ли начин тоа да не се случува толку долго и често“ – велат велешани кои живеат во соседството на објектот.
„Се работи на подготвување на тампонската подлога на која ќе се врши темелењето, фундирањето на катната гаража, на објектот. Методологијата на изведба налага дека е потребно, поточно неопходно за да има добра и квалитена изведба, тампонот да биде вграден во повеќе помали слоеви. Набивањето мора да биде добро направено со вибрации. Сето тоа е за да може објектот квалитетно да биде изграден. Во моментов завршени се околу 70 отсто од тие неопходни работи, вградување на тампонски материјал. Останатиот дел ќе се заврши за не повеќе од недела и пол“ – рече дипл. градежен инг. Филип Совиновски од Стентон градба.
| Tweet |




