речник контакт

Старите живини светилки завршија како опасен отпад

Згрижени 109 кг стари светилки.

Петар Печков

По завршувањето  на проектот за комплетна реконструкција на уличното осветлување во Велес и замена на живините сијалици со нови економични натриумови, локалната власт се погрижи за старите, согласно законската регулатива.  На 15  јули годинава  Општина Велес изврши предавање на 109 кг. опасен отпад, кој е  згрижен согласно обврските од Законот за управување со отпадот.

Општина Велес спроведе повеќе активности за соодветно ракување, обележување на искористените светилки како опасен отпад, нивно пакување и времено складирање во соодветен и безбеден простор.  По спроведена постапка за избор на овластен постапувач со опасен отпад, Општина Велес склучи договор за  негово собирање и транспорт со ЕКО ТЕАМ ДОО Скопје, кој поседува дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање- - велат од  локалната власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »