Петар Печков
Објавено: петок, 22 септември 2023
Во повеќе случаи, соседи реагираат на стари куќи во градот, кои се опасност и по нив но и по минувачите. Реакциите се дека стари куќите се заборавени од нивните сопственици, наследници, кои не се грижат па тие се руинирани и во фаза на паѓање. Така постои можност да паднат во дворот на соседите, на улица, и да предизвикаат штета но и повреди по луѓето.
„ Куќата на соседите е во толку лоша состојба,. што секој момент може да падне во дворот кај нас. Се обидувавме преку општина да го решиме проблемот, оти наследниците никаде ги нема, нои без успешно. А опасност е присутна“- вели еден од соседите кои повеќе од две години се судрува со овој проблем.
Од локалната валат на поставеното прашање, велат дека тие постапуваат во согласност со законските прописи.
„Локалната власт ги пронаоѓа сопствениците на старата куќа и ги известува дека се одговорни за отстранување на стариот објект инаку сите штети направени од таа постапка треба да се на товар на сопствениците на објектот“ - информираа од Општина Велес.
Идентична е постапката и кога парчиња од фасади паѓаат од станбени згради на тротоарот, што се случува во централното градско подрачја, па сопствениците се задолжени да ја санираат фасадата, оти во спротивно тие ги сносат последиците од евентуалните штети во следен такво случај.
Останува примерот од пред осум години кога локалната власт ја купи куќата која беше во фаза на паѓање, лоцирана на свиокот од улицата каде е лоцирана спомен куќата на Кочо Рацин. Тука сега има мурали на Тоше Проевски и Кочо Рацин.
Останува прашањето што доколку сопствениците не реагираат по доставеното предупредување од страна на локалната власт, како што е случај досега.
Tweet |