речник контакт

Старица спасена од премрзнување

Згрижена е во интерно одделение и е во стабилна состојба

Петар Печков

Баба Милка, од  месноста Дворови синоќа доцна била спасена од премрзнување. Таа живее сама во домот, но откако падна снегот и температура, не била во можност да излезе од дома и купи храна или ја подигне од народната  кујна.  За оваа состојба алармирале соседите.

Баба Милка живее сама во нејзиниот дом, иако има бројни внуци. Таа  не излегуваше од дома и се  загриживме за неа. Повикавме полиција,тие ја  информирале локалната власт. Околу еден  час пред полноќ дојдоа од општина, беше и градоначалникот. Ја земаа и донесоа во Болница –велат соседите.  

Во куќата немало греење, ниту храна а за настанот бил информиран и Центарот за социјални грижи од Велес.  Од интерното одделение на Велешката Општа Болница изјавија дека старицата е во стабилна состојба.  

Пациентката ќе остане некое време тука, да се извршат сите потребни претраги. Таа беше прегладнета и нозете и беа повредени од ниските температури -  изјавија од интерното одделение. 

Патем собата која локалната власт ја намени з а бездомниците во Велес, ја  користат две лица. Тие преку ден биле надвор, додека во вечерните часови преспиваат во топла соба, каде има обезбедени и храна и  хигиенски  средства. Собата се наоѓа во поранешниот Хотел Вила зора.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »