Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 март 2024
Лидерот, есенскиот првак ФК Големо Коњари загуби на стартот од пролетниот дел на Трета фудбалска лига, па со победа ФК Борец се искачи на првото место во оваа конкуренција. Во крушевско Бучим, велешани славеа со 0:3, над последно пласираната екипа, која нема освоено ниту бод. Вториот лигаш од Општинскиот фудбалски сојуз на Велес ФК Локомотива е поразен дома од екипа која како и тие се наоѓа на долниот дел од табелата, имаше три победи а домаќинот две. Во Градско ФК Локомотива - Фк Ултрас (Прилеп) 1:3.
По ова 12 коло ФК Локомотива остана претпоследна со 7 бода, додека ФК Борец е прв со 26 бода а ФК Големо Коњари има 25. ФК Превалец ова коло беше слободен и тој е трет со 23 бода.
Во следното коло ФК Борец го пречекува тимот на ФК Слога од прилепско Лажани кој е на седмото место со 13 бода, ФК Превалец игра дома со шесто пласираниот ФК Питу Гули од Крушево кој има 14 бода ФК Локомотива во Градско игра со ФК Марена од истоименото кавадаречко село, која е едно место над нив и има 11 бода.
Tweet |