речник контакт

Стигнаа првите пријави за пожарот во вторникот на излезот од Велес кон Штип

Пријавите стигнале до велешката полиција. Опожаренидел од опрема на фотоволтаична централа, викенд куќа, 15 хектари пченица

Петар Печков

Во билтенот на СВР Велес, регистирани три пријави за опожарени површини, објекти од пожарот во вторникот, кој се случи на излезот од Велес кон Штип. 

„На 30 јуни во СВР Велес е пријавено дека кај место викано „Бостанл’к“, велешко, околу 10:00 часот, настанал пожар на имот со фотоволтаична централа, сопственост на правно лице од Штип. Од пожарот биле зафатени оптички кабел, конектори, противпожарни апарати и останати предмети’ 

„На 30 јуни  во СВР Велес е пријавено дека кај место викано „Саријар“ велешко, околу 10:00 часот, настанал пожар на имот сопственост на 58-годишната С.К. од Велес, кој зафатил викенд куќа, нискостеблеста шума и трева“

„На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека кај место викано „Мала Кула“ велешко, околу 10:00 часот, настанал пожар на имот што го користи под концесија правно лице од Велес, кој зафатил околу 15 хектари пченица“ 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »