речник контакт

Стопанската комора на велешките фирми им ги презентира европските фондови за 2011 година

Стопанската Комора на Македонија во соработка со Регионалната Комора денеска организираше средба со претставници од малите и средни компании за презентација на Европските фондови за 2011 година.

Петар Печков

Целта на овие средби е да се зголеми бројот на апликации на македонските претпријатија за пари од ЕУ фондовите и да се зголеми бројот на повлечени средства од тие програми.

Овие средби Стопанската комора ги изведува во соработка со Агенцијата за менаџмент консалтинг и тренинг организации. Според Иванов досега имало малку пријави од македонските фирми до Европската програма.

Во 2010 година за иновации немало ниту една апликација од македонските фирми. Од друга страна со нивните активности и средби со стопанствениците во изминатиот месец и половина како резултат на овие средби и соработки, веќе десет фирми од Македонија се јавиле до некои од програмите на Европските фондови, а со цел нивите развојни идеи да бидат изработени и прифатени.

На средбата со велешките стопанственици, Ирена Мојсовска од Стопанската комора го презентира Центарот за имплементација на развојни идеи ЦИРИ, додека Лазо Ангелевски ја презентира бизнис сорабортката со ЕУ-Меѓународни Трговски Документи во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »