речник контакт

Стојанова Богоевска - Хотелот во Врановци е незаконски оттуѓен

Не може Чадиев незаконски да поклонува имот на општината и во исто време да бара нов мандат- порача Богоевска

Петар Печков

На неколку дена пред одржувањето на изборите, ги повикуваме Славчо Чадиев, Александар Колев, Петре Саздов, да излезат пред Велешани и да кажат дали во нивната програма имаат предвидено мерки, како ќе ни го вратат Хотелот во Врановци, нам, на граѓаните, а кој хотел, на незаконски начин го поклонија на Општина Чашка.

Чадиев, Колев, Петре Саздов повторно бараат мандат, знаејќи дека се виновни и дека ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и за кршење на одредбите на Законот за локална самоуправа, како и кршење на одредбите на  Деловникот за работа на Советот на Општина Велес.

Долго време СДСМ и граѓаните водеа правна битка за интересот на граѓаните и се обидуваа да докажат дека давањето на хотелот во Врановци на Општина Чашка е противзаконски чин и спротивно на одредбите на Деловникот за работа на Советот на Општина Велес.

Законите важат за сите подеднакво. Не може Чадиев незаконски да поклонува имот на општината и во исто време да бара нов мандат.

Сите граѓани треба да знаат дека Славчо Чадиев, Александар Колев, Петре Саздов, беа тие, кои противзаконски го отуѓија, односно поклонија Хотелот во Врановци и со тоа им нанесоа штета на Велешани од околу половина милион евра. За жал, дојде ред, тоа што го правеле и создавале нашите татковци и дедовци, Чадиев противзаконски да ни го одзема и дава на други.

Нашиот имот, е наш имот, имот на граѓаните на Велес. Чадиев, Колев и Саздов треба да се засрамат од чинот кој го направија и да понесат голема одговорност, а не, пак да бараат мандат од граѓаните- изјави Весна Стојанова Богоевска, која  е на третата позиција на листата за советник од листата на СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »