Петар Печков
Објавено: четврток, 01 март 2018
Иако договорот на фирмата која стопанисува со билбордите во Општина Велес истекол уште во 2013-та година, таа се уште ги користи, но ништо не плаќа кон локалната валст. Во велешко ,,Скрин медија,, од Тетово има поставено 40 билборда. Тие редовно се менуваат со нови плакати.
Договорот со ,,Скрин медија,, од Тетово е истечен во 2013-та година, но и натаму фирмата ги користи билбордите на територијата на општината. Буџетот е оштетен за 100 илјади евра или 6 милиони денари. Корисникот има обврска да плаќа надоместок за користење, комунална такса за секој билборд и потрошената струја, што во пракса не се случува - рече Коцевски. Најави дека е започната постапка, за наоѓање нов закупец, кој ќе ги користи во наредниот период. На прашање на ТРМР, дали Коцевски како кандидата платил за билбордите каде тој се рекламираше во кампањата за локалните избори, тој потврдно одговори.
Јас и мојата партијата на тетовската фирма и плативме, но не знам дали другите учесници во изборната трка платиле, лани и годините наназад - ја отвори дилемата Коцевски.
Tweet |