речник контакт

Стрип Шекспип шест години и 50 пати на даските од велешкиот театар

Претставата „Стрип Шекспир“ беше изведена 50 пат, на сцената на театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“.

Петар Печков

Претставата „Стрип Шекспир“ беше изведена 50 пат, на сцената на театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“. Работена по текст на американските автори Џес Боргесон, Адам Лонг и Даниел Сингер, претставата е на репертоарот од пред шест години. Во неа една присобрана театарска група во весела комедија ги игра најдобрите Шекспирови трагедии „Ромео и Јулија“, „Отело“, „Ричард Трети“, „Хамлет“ и „Магбет“.

- Претставата наиде на одличен прием и од публиката и од критиката и веројатно ќе доживее сто изведби - оптимист е директорот Јордан Витанов.  

Во претставата има пеење, рапување, мечување, комични и сериозни ситуации, 30 лика и 50 костими, кои создаваат деведесетминутна комедија.

Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Кети Борисова, Зорица Панчиќ, Слободанка Чичевска и Владимир Ѓоргиоски, се актерите од претставата, која е режирана од Коле Ангеловски.

Музиката е на Димитрие Бужаровски, сценографијата на Илина Ангеловска, костимите на Раде Василков, а кореографијата на Кренаре Невзети.

Таа е трета на листата според бројот на одиграни претстави во велешкиот театар, пред неа се „Брачни понуди“ и „Зона Замфирова“.

„Стрип Шекспир“ е одиграна на фестивалите во Будва, Херцег Нови, Сараево, Сплит, Ереван, а во Санкт Петербург ја доби наградата Гран при за најдобра претстава. Таа и наредниот период е на репертоарот на велешкиот театар и е одлична понуда за 90-минутна забава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »