Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 април 2015
Марин Сугарев возач на мото клубот ,,Мото Велес,, го освои третото место на источноевропскиот шампионат во брзински мотоциклизам СЕРЕЗ.
Трките се возеа изминатиот викенд на патеката во грчкиот Серез а организатор беше Бугарската мото федерација, која ја закупила оваа патека, каде се одржа трката.
Сугарев возеше во класата до 125 кубици, на мотор марка Aprilia rs 125. На првата трка Сугаер4в бил трет а на втората, возена во неделата втор. Со освоени 36 бодови, Марин е втор во генералниот пласман во шампионатот во оваа категорија.
Од неговиот матичен клуб очекуваат дека и на другите трки од источно -европскиот шампионат Сугарев ќе оствари добар пласман и добри резултати. Следната трка се вози на 14-ти јуни во Плевен Бугарија, таа од 7-ми јуни во Батајница Србија е откажана.
Tweet |