речник контакт

Сушењето алишта во затворен простор, штетно по здравјето

Алиштата најдобро е да се сушат надвор од домот или во машина за сушење алишта

Петар Печков

Сушењето на алишта во затворен простор може да биде штетно по здравјето на домашните. Сушењето во затворен простор го подигнува нивото на влагата во воздух и до 30 отсто.

На овој начин се создаваат идеални услови за развој на габични спори, посебно на Aspergillus fumigatus кои лесно се вдишуваат и внесуваат во  организмот. Оваа габа обично не е опасна за луѓето, но за тие со нарушен имунитет, може да предизвика  инфекции на белите дробови.

Професорот Дејвид Денинг и лекарски тим во Манчестер, објаснуваат дека последните години се повеќе луѓе се лечат инфекции на белите дробови.

Едно перење на алишта во машината, во себе носи два литри вода, која следните часови се ослободува. Ако се суши во просторија тогаш влагата  останува таму каде се суши. Поголемиот дел  од луѓето се имуни  на оваа габа или имаат доволно силен имунолошки систем да се борат со неа - вели професорот Денинг.   

Сепак има луѓе со нарушен имунолошки систем и астматичари, кои можат да имаат проблеми. бидејќи габата може да предизвика инфекција следена со кашлање и малаксаност. Освен тоа за здравјето не е добро да с е вдишува влага во која се наоѓаат хемикалии од прашокот за перење и од омекнувачот, кои и по перењето остануваат во мали количества во алиштата.

Затоа најдобар и најздрав начин е сушењето на испраните алишта вон простории каде се живее, во двор или балкон па дури и в о зима кога температурата е под  0-та. Или алтернатива машина за сушење на алишта.  Сушењето во пролетните и  летни денови овозможува алиштата да се изложат на сонце, а познато е дека  ултравиолетови зраци убиваат бактериите и микроби.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »