Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 ноември 2015
Изминатите месеци на територијата на градот Велес, се реализираше акцијата ,,Чист град 2015,,. Таа се однесуваше за отстранување на дотраени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила, приколки и земјоделски машини, од јавните и сообраќани површини.
Се реализираше во две фази. Во првата биле евидентирани 64 моторни возила, од нив 41 хаварисано, 23 без регистрација, една камп приколка и 6 товарни приколки. Истите биле опоменати и предупредени дека согласно Законот за јавна чистота, забрането е оставање на хаварисани, нерегистрирани возила, приколки и камп приколки.
По ова деновиве е констатирано е дека на јавни површини останале три, едно хаварисано, едно нерегистрирано и една камп приколка.
За сите возила кои што не се остранети се води постапка согласно законските надлежности на службите од Општина Велес и службите од СВР Велес. И по завршувањето на оваа акција ако биде забележано моторно возило кое е дотраено, хаварисано и нерегистрирано ќе се води постапка за негово отсранување. Акцијата „Чист град„ 2015 година беше успешно спроведена и до сите граѓани благодарност за нивната соработка - изјавија од локална власт.
Акцијата,,Чист град 2015, спроведена е од страна на стручните служби од Општина Велес – комунален инспектор, комунален редар и службите од СВР Велес
Tweet |