Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јуни 2023
Општина Велес ги обезбедила авторските права за ТВ серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и истата ќе биде прикажана во рамките на содржините од 60 Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни. Ова беше кажано на денешнта прес конференција , како најава за манифестацијата.
Прикажувањето на тв серијата започнува понеделник на 12 јуни и со по неколку епизоди ќе биде прикажана на отворено, во вечерните часови, се до 14 јуни.
„Серијата е во продукција на „Сектор филм“ сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во младински парк, и е слободно и достапно за сите граѓани од Македонија“ - кажа Александра Андреева од локалната власт на Општина Велес.
ТВ серијата „Црвениот поет“ посветена на Коста Солев Рацин е снимена во 2016 година и досега не е емитувана на националните телевизии. Има 10 епизоди. Ликот на Рацин го игра актерот Александар Ристоски.
Tweet |