речник контакт

ТРМР Ви благодари

За довербата што ја имате кон страницата и за повеќе од 700 илјади прегледи

Петар Печков

2011 ја испраќаме во историјата. Секој со своите впечатоци, иако според последната анкета на ТРМР посетителите памтат и знаат за подобри времиња. Надежта дека следната 2012 ќе биде подобра и поуспешна.

За изминатите 365 денови  оваа страница ви понуди околу илјада вести. За секого и од се  по нешто. Имаше вести кои достигнаа и до 4-5 илјади посетители, број на кои ќе ни позавидат и дневните весници.

Во центарот на интересот беше човекот и неговите судбини, не продававме политика. ТРМР Ви благодари за довербата што ја имате и што му верувате.  Илустрација е по објавената првоаприлска шега дека Кате Брезева  и Соната се разијдоа, се бројните јавувања до членовите на групата па и од веќе договорените свадби да прашаат што се случува.

ТРМР ја откри страшната вистина која летово го тресеше градот, во езерото Младост нема чудовишта, а едно каснување од куче доби епидемиски размери дека во водата има ајкули, пирани..  Октривме дека во Велес е извршена првата операција на зголемување на пенисот во Македонија.

Ни веруваат и општинските власти, бидејќи за луѓето за кои пишуваме, тие ги наградуваат со општинското признание.  Благодарност и за сите што еден клик на сподели, нашите информации ги пренесуваат по светот.

А бројките се факти 713,787 Прегледи на страни,  241,027 Посети  64,307 Уникатни посетители. Убаво е чувството кога ќе се дозне дека велешани каде и да се во светот не можат без својот град, кој е во центарот на пишувањето на ТРМР. Доказ за тоа се посетите од Улан Батор - Монголија, Виетнам, Лима - Перу, редовните посетители од Финска, Исланд, Норвешка, земјите на Западна Европа, Канада, САД, Австралија, Нови Зеланд. Бидете со нас  и натаму

 

Ваш ТРМР, најстариот електонски весник во Велес  кој со Вас е веќе шест години

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »