Петар Печков
Објавено: сабота, 26 ноември 2016
Мешавината од таан и мед е одличен извор на железо, магнезиум, калциум, манган, омега 3 и 6 масни киселини…Медот со таан е комбинација која би требало почесто да се најде во вашето мени. Не само поради одличниот вкус, туку и поради фактот дека е одлична ризница на здравјето.
Оваа природна смеса е одличен извор на витамини, особено оние од групата Е, А и Б, како и минерали и омега 3 и 6 масни киселини. Се препорачува да се консумира наутро на празен стомак.
Таанот и медот во комбинација го зајакнуваат имунитетот, ја намалуваат желбата за слатки, лекуваат констипација, стомачни проблеми и се исклучително благотворни во случаите со гастритис, колитис и чир. Покрај тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здравјето на косата и кожата.
Сусамовиот таан се добива мелење на лесно потпечени семки сусам. Густата паста ги содржи сите хранливи и лековити состојки на сусамот во целост.
Традиционално се користи во смеса со медот како медотаан, за подобрување на состојбата нa дишните патишта. Исто така е основна суровина за добивање на таан алва. Понатаму се користи во разни јадења и рецепти како на пример крем намаз од варен наут, лук и лимон познат како хумус.
Суамовиот таан може да се користи и како таан млеко, во чаша врела вода се разматуваат во блендер или во рачен миксер по желба 2-3 кафени лажици таан и по желба засладувач (мед или сладок маџун сируп или обичен шеќер) и слично во смуди напитоци во смеса со разни овошја и мелени житраки или мелени обезмастени брашна од лен, тиква, црно семе, сончоглед.
Високата содржина на протеини , незаситени масни киселини и калциум го прави извор на овие материи во исхраната.
рецепт на велешка Маслодајна
Tweet |