Петар Печков
Објавено: петок, 09 јули 2021
Таксистот Љубе Трајковски ( 65 год) обвинет за сообраќајка кај Ногаевци, во која почина еден од патниците а тројца беа тешко повредени не се чувствува за виновен. Тој ова го кажа на почетокот од судењето во Основен суд Велес. Сообраќајка се случи на 10-ти февруари минатата година, околу 12,10 ч.
Трајковски се товари за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот, во сообраќајот“ кое го сторил со умисла. Обвинителката Цветанка Богоевска кажа дека возачот не ги почитувал сообраќајните правила и прописи.
„Железничкиот патем премин на приодот за Ногаевци, бил обезбеден со светлосна и звучна сигнализација, кои работеле како и со вертикална, сообраќаен знак „стоп“. Навлегол на преминот и не го пропуштил товарниот воз кој сообраќал на релација Велес- Градско, па со автомобилот удрил во предниот дел од возот. Од ударот возилото удрило во објектот покрај пругата, по што еден од патниците се здобил со тешки повреди, кои предизвикале смрт на лице место“ рече Богоевска.
Во сообраќајка почина Мартин Ѓорѓиев (23 год). додека Ацо Велков, Славе Велков и Лепа Димитрова се здобиле со тешки повреди. ` Воведниот говор на обвинителката предизвика тага кај мајката на Марин, Нада, која како оштетена беше присутна во судницата. Таа низ солзи го следеше процесот. И како отштетна се обрати во судницата, не можеше да се помири со последиците од сообраќајката, кои и го одземаа синот.
„Бев на работа, не знаев што се случувало. Дури кога дојдов дома, дознав дека настрадал мојот син. Со таксито оделе на дијализа секој понеделник среда и петок. Секогаш седеше на истото место, на задното седиште. На преминот има сигнализација, кој работела. Ми го уби детето, барам да се казни на доживотна робија“ -рече низ солзи Нада. Сите патници кои биле во автомобилот оделе во велешка Болница на дијализа.
Бранителот на обвинетиот, адвокат Душко Петров, рече дека ќе докаже, дека неговиот клиент е невин.
„Во судскиот процес ќе докажеме дека Трајковски ги почитувал сообраќајните правила и прописи“ - кажа Петров. Судењето продолжува со сослушување на сведоците.
Tweet |