Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 ноември 2015
Наскоро на сцената на велешки театар ќе се најдат две престави, кои се обновени и вратени на програмата. Ноќите во бел сатен и Тартиф се претставите кои велешката публика повторно ќе може да ги следи, на сцената на новиот театар, како што беше и во стариот театар.
Враќаме две претстави од стариот театар во нашиот репертоар. Едната е Ноќите во бел сатен а втората е Тартиф. Во декември враќаме уште две, така што од јануари ќе можеме да продолжиме со редовен репертоар со повеќе претстави - изјави Васил Зафирчев, уметнички директор на театарот.
Актерската екипа на ,,Тартиф,, ја сочинуваат Јордан Витанов, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Александар Велјановски, Марија Стефановска, Жарко Спасевски, Самиол Стојановски, Зорица Панчиќ, Александар Ѓоргиев, Фаик Мефаилоски, Спасе Петрушев. Актерот Зоран Љутков од Драмски театар, како гостин настапува во претставата толкувајќи ја главната улога. Режијата е на Никола Ристов, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Александра Крнинова Груев а музиката напишана специјално за претставата е на Сашко Костов.
Претставата „Ноќите во бел сатен“ е работена по текст на Братислав Димитров, а во режија на Ненад Витанов. Во неа настапуваат актерите: Јордан Витанов, Маја Љутков, Васил Зафирчев и Зоран Љутков. Костимографијата на претставата е на Александра Крнинова, а сценографијата на Филип Коруновски.
Ночите во бел сатен ќе биде прикажана оваа сабота, додека Тартиф петок 27 ноември.
Tweet |