Петар Печков
Објавено: петок, 26 јули 2013
Театарскиот Фестивал на алтернативни содржини,,Импакт,, од Велес доби финансиска поддршка од ЕУ со други 11 културни институции од повеќе европски држави. Преку проектот ,, „Споделен Простор: Музика Време Политики“ тие добија 1,25 милиони евра за три години за реализација на програмите и содржините на 12 институции.
Споделен Простор тригодишен меѓународен проект за истражување во областа на сценографијата кој се состои од серија на симпозиуми, изложби, работилници, претстави, копродукции. . Координатор и носител на проектот е Квадриеналето од Прага, Центарот за креативни акции ИМПАКТ , како организатор на истоимениот фестивал е партнер со уште 12 институции од различни европски земји е дел од проектот – изјави Александар Ивановски директор на Импакт фестивалот, кој годинава ќе се одржи во октомври или ноември во Велес, по трет пат.
Одобрените средства од ЕУ се половина од вкупниот планиран и потребен Буџет. Овој проект за сценографи, театарски творци, архитекти, теоретичари ќе се одржи од 2013 до 2016 година во Чешка, Италија, Велика Британија, Латвија, Полска, Холандија, Норвешка, Финска, Израел, Швајцарија и Македонија.
Tweet |