речник контакт

Тезгите празни, продавачите надвор од пазарот

Протест на велешките пазарџии. Зошто денес тие не продаваа?

Петар Печков

Иако петок е пазарен ден, велешкиот градски Пазар беше полупразен. Поради протест на дел од трговците за реорганизацијата на просторот, која ја спроведе ЈКП Дервен тие не ги поставија нивните производи.

На купувачите им се нудеа само овошје и зеленчук, но не со така голем избор. Со новата реорганизација на еден дел од пазарот ќе се продава само мешовито-непрехрамбена стока, додека на останатиот дел градинарски прозиводи.
      
- На долниот дел од пазарот каде беа нашите тезги има приватно обезбедување кои не дозволува таму да продаваме, туку само на горниот дел. Таму ние не сакаме да се селиме, бидејќи на новиот простор нема услови, тезгите се стари и  искршени, прокиснуваат. Ако сакаат да се почитува Закон како што тие бараат нека постават и санитарни јазли - вели Драган Волков.  

Трговците не ја прифаќаат ова одлука на ЈКП Дервен бидејќи сега во нивна близина имале и магацини од каде вршат дотур на стока, а за новата локација немаат можност за да ја  транспортираат.

Веселин Иванов вели дека триесет години продава земјоделски производи на горниот дел од каде неговите муштерии се снабдуваат и по никоја цена нема да ја прифати нова локација.

И продавачите на јаболка не сакаат да слушнат за дислоцирање. Велат дека поради десетина тезги се врши селење на стотина други, бидејќи и сега пазарот е поделен. Наспроти нивните ставови, надлежните велат се работи според Законот за трговија.

\"\"

- Ова дислоцирање е поради барањето на надлежните инспекции а во согласност со Законот за трговија. Мора да бидат одделени прехраната со мешовитата роба. Нашите бројки се дека 80 тезги кои нудат непрехрамбена стока се секаде низ пазарот а не групирани во еден негов дел. Наша цел е тоа  секој купувач кога ќе дојде да знае каде што ќе најде - вели Љупчо Лазевски раководител на РЕ Пазари при ЈКП Дервен.

Купувачите ја поддржуваат преселбата на тезгите и велат дека е нормално и потребно на пазарот да се знае каде што ќе се продава. Ваков обид за реорганизација на Градскиот Пазар во Велес имаше и пред две години, но тогаш поради локалните избори постапката беше прекината а состојбатга непроменета.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »