Петар Печков
Објавено: вторник, 15 мај 2018
Територијата на три општини, Велес, Градско и Чашка од пожар ја чуваат само 16 пожарникари. И тоа еден дел се пред пензија, дел се со сериозни повреди здобиени по интервенциите па на работа одат со скратено работно време и со поштеди. Така во Велес е десеткувана противпожарната единица.
Советот на Општина Велес го усовои планот за вработување во ТППЕ за годинава, предвидедни се нови десет вработувања. Но за тој да се оствари потебна е согласност од МВР.
Градоначлникот на Велес, упатил ургентно писмо до министерот за внатрешни работи, за да не се доведе во опасност имотот и животот на граѓаните а во пресрет на летаната сезона, кога се зголемува бројот на интервенции на противпожарната единица.
Со овој број на вработени доведена во опасност сигурноста на граѓаните на општина Велес, но и соседните каде интервенира ТППЕ. Нормативот е на секој 1.5 илјади жители по еден пожарникар така нас ни требаат по стандарди 40 пожарникари а имаме 16 од кои некои се скратено работно време, други повредени. Од министерот Спасовски побарав веднаш да се најдат средства за вработување на пожарникари, одговор немам. А доаѓа лето и сезона на пожари а ние пожарникари немаме - изјави Коцевски. Потенцира дека нема да дозволи за плати на пожарникарите, да им исплаќа од основниот Буџет, бидејќи таа обврска со децентрализацијата е на централната власт.
Tweet |