Петар Печков
Објавено: вторник, 01 октомври 2024
Технолошко-техничкиот факултет со седиште во Велес има најголем пад на ново запишани студенти во период од последните десет години, во рамките на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Процентот е 86, потоа следи на Правниот факултет од Кичево, 69 % и Ветеринарниот факултет во Битола со 67 %. Ова е истражување на Центарот за граѓански комуникации(ЦГК).#mce_temp_url#
Каква е состојбата на другите три државни универзитети.
Најголем пад во бројот на новозапишани студенти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј загубил Шумарскиот факултет – 69 %, потоа Филолошкиот кој загубил 64 % од студентите, потоа Градежниот со загуба од 62 %, Земјоделскиот факултет со 60 % и Правниот факултет со 55 %.
На штипскиот „Гоце Делчев“ најголем пад од 666 новозапишани студенти има на Факултетот за туризам и бизнис-логистика.
На државниот тетовски универзитет најголемо намалување на бројот на бруцоши во однос на периодот пред десет години, имало на Правниот факултет и тоа за 517 помалку бруцоши.
„Ако пред десет години имало безмалку 19 илјади бруцоши, сега бројот на новозапишани студенти изнесува околу 15 илјади. Имено, само за десет учебни години, вкупниот број запишани студенти во прва година е намален за 3 612, односно за 19 %. Најмалку бруцоши имало во пандемиската 2020/21 година, малку повеќе од 12 илјади. Оттогаш наваму, односно во последните три години е забележан постојан пораст на бројот на студенти што се запишале на прва година на некоја од високообразовните установи во земјава“,се вели во истражувањето.
Во последните десет години бројот на студенти во земјава се намалил за 7 043, односно за 12 проценти. Убедливо најмногу студенти во земјава има на медицинските науки, повеќе од 10 илјади или дури 20 % од студентите се запишани на некоја од медицинските високообразовни установи. Од другите струки, покрај медицинскиот, втора струка со најмногу студенти е информатичката, со вкупно 6.655 студенти, а трета, со приближно исто толку студенти, односно 6.065 е економската.
Tweet |